Најдобриот играч на Милан, Златан Ибрахимовиќ, веќе еден месец е на рехабилитација по повредата на мускулот на ногата и се очекува за 10-тина дена повторно да биде на теренот. Шведскиот голгетер во интервју за „Газета дело спорт“ имаше интервју во кое зборуваше за многу работи, а во еден момент се присети и на борбата што ја имаше со корона-вирусот.
„Прво имав главоболка која не беше многу јака, но беше навистина досадна. Потоа го загубив сетилото за вкус. Цел ден седев дома, бев бесен, не можев да излезам надвор. Не можев ниту да тренирам. Во еден момент дојде време кога разговарав и со ѕидовите и на секој ѕид му давав име. Тоа беше психолошка борба. Не сте сигурни што чувствувате, ниту што мислите дека чувствувате“, раскажува Зидан.
Шведскиот голгетер сезонава одигра само шест меча во Серија А, но веќе даде девет погодоци. Милан како лидер на табелата ја завршува годината со 34 бода од 14 меча, пред Интер, кој е со бод помалку, додека на третото место е Рома со 27 бодови. Милан е единствениот тим во Топ 5 лигите кој уште нема пораз во првенството.