Традиционално, во светот денеска е еден од најсиромашните денови со фудбал. Милиони луѓе го слават католичкиот Божиќ, ден во кој во Европа не се игра речиси ниту еден фудбалски натпревар.
Сепак, и кога нема мечеви, Златан Ибрахимовиќ знае да се наметне и да биде во центарот на вниманието. Голгетерот на Милан, на социјалните мрежи, на специфичен начин реши да го честита денешниот празник. Ибра објави рака која покажува среден прст, а е во традиционалната црвено-бела боја која доминира во овие празнични денови.
Merry Chriztmaz pic.twitter.com/GjO5UxZJfy
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) December 25, 2020