Легендарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ продолжува со вложување во спортот за кој се вели дека е најбрзорастечки. Ибрахимовиќ и понатму е дел од членовите на Милан и работи како стручен советник на сопственикот на клубот.
Освен во фудбалот, Ибра денеска го отвори падел центарот во Стокхолм. Веќе подолг период Златан вложува во развојот на падел. Тој сега е косопственик на Падел центарот. Има отворено терени во неколку града во Шведска, но и во Милано.
Новиот падел центар во Стокхолм е најголем во светот и има дури 14 терени. За изградба на еден ваков терен потребни се околу 30.000 евра. Првично, овој падел центар требаше да биде отворен летоска, но поради проблеми и поплава на локацијата, проектот беше оддолжен.
Welcome to @padelzenter.stockholm the best padel facility in the world.
Come visit and enjoy playing.
Book at https://t.co/uMGJ3BVr37 pic.twitter.com/YWsKD1iPiD— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) November 11, 2024
Играњето падел ве принудува постојано да се движите и да согорувате калории, да ја одржувате физичката подготвеност, па затоа е особено интересен за рекреативците.