Ибрахимовиќ може да добие казна која ќе значи и крај на неговата кариера

Инспектори на федералното обвинителство денеска го испрашувале Златан Ибрахимовиќ како дел од истрагата на Фудбалската федерација на Италија, за можно навредување на расна основа кон Ромелу Лукаку. Ибрахимовиќ и Лукаку имаа вербален дуел, кој малку фалеше да прерасен и во физичка пресметка за време на градското дерби во Купот на Италија, одигран на 26 јануари.

Ибрахимовиќ тогаш на Лукаку го навреди велејќи му „оди и прави го твоето вуду ср*ње“. Подоцна Ибра ги отфрли сите обвинувања дека сакал на расна основа да го навреди некогашниот соиграч од времето кога двајцата заедно го носеа дресот на Манчестер јунајтед.

Сепак, федералното обвинителство отвори истрага, а беше земена изјава и од главниот судија на мечот на кој се случи инцидентот. Во наредните неколку дена се очекува сослушан да биде и Лукаку.

Ако се докаже дека Ибра на расна основа го навредил Лукаку, казната може да биде од 10 дена суспензија, до трајно остранување од спортот. Засега случајот останува отворен и допрва ќе се чека расплетот на инцидентот, кој може да го видите ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести