Малку фалеше да се степаат Ибрахимовиќ и Лукаку (Видео)

Немили сцени имаше пред крајот од првото полувреме на градското дерби меѓу Интер и Милан. Двете најголеми ѕевзди во редовите на градските ривали Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку за малку ќе се степаа на теренот.

Се играше судиското надополнување кога Ибрахимовиќ го испровоцира Лукаку. Швеѓанецот му кажа нешто невкусно на противникот, а тогаш Лукаку збесна. Тргна кон Ибра и двајцата влегоа во вербален конфликт, а малку фалеше да има и физичка пресметка.

За среќа, брзо се вмешаа останатите соиграчи и беше спречен посериозен инцидент, а Ибрахимовиќ и Лукаку добија жолт картон. Милан води по првиот дел со 1:0 благодарение на голот токму на Златан во 31-вата минута.

https://twitter.com/i/status/1354167204003131393

По завршување на првото полувреме, Лукаку повторно збесна и тргна кон Ибрахимовиќ, а Швеѓанецот ладнокрвно му покажуваше дека го чека во тунелот да се тепаат.

 

- Оглас -

Најнови вести