На денешен ден пред 17 години Златан Ибрахимовиќ гопостигна најубавиот гол во кариерата, според сопствен избор, а ремек-делото што го направи со блескави дриблинзи во дресот на Ајакс протув НАЦ Бреда е меѓу најубавите на сите времиња во фудбалот.
https://twitter.com/FootballRemind/status/1429352862153428994?s=20
Златан по соствено признание имаше и посебна мотивација на тој меч, бидејќи навивачите на неговиот тогашен тим, Ајакс го дочекаа со свирежи.
„Рафаел Ван Дер Варт ме обвини дека намерно го повредив на тренинг, нотоа не беше точно. Ми се налути и не збореше со мене. Се создаде ситуација во која грото од навивачите на Ајакс го поддржаа него, а мене ме дочекаа со свирежи. Тоа посебно ме мотивираше да го постигнам најубавиот гол во кариерата“, се потсети на голот против Бреда, Ибрахимовиќ.
Во невиден слалом и беспрекорна техника, Златан ја „прошета“ целата одбранана противникот, а по голот му се налути уште еден играч. ж
„Игравме заедно во Ајакс, а јас го издриблав двапати при акцијата за голот и откако ја затресеов мрежата на Бреда ми пријде со лут глас и ми рече: Мислев дека сме пријатели…Му се извинив, но на терен нема пријатели“, вели популарниот Ибракадабра.
Мечот заврши со победа на Ајакс од 6:2, а Златан постигна два гола и асистираше при останатите голови за гигантот од Амстердам.