30.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Ибрахимовиќ откри како кого сакал да биде, но не можел затоа што не бил доволно брз

Златан Ибрахимовиќ неодамна ја промовира новата книга која се вика „Адреналин“, а во која шведскиот голгетер открива многу работи кои не биле познати за него. Популарниот Ибра веќе две децении е во врвот на светскиот фудбал, но кога бил помлад, и тој има свој идол, фудбалерот кого го смета за најдобар на сите времиња.

„За мене, Роналдо Феномено е најдобар. Дали е подобар и од Марадона? Не сум го гледал Марадона, можеби за друга генерација тој е најдобар. Јас Роналдо сум го гледал во живо, а како дете ги имитирав неговите потези. Се обидував да го правам тоа што Роналдо го правеше, но едноставно не бев доволно брз како него“, открива Ибрахимовиќ.

Пред 15-тина години, додека Ибрахимовиќ играше за Интер, а Роналдо беше во Милан, се случи и една анталогиска снимка на која Златан му се восхитува и без да трепне го гледа Бразилецот.

За тоа кој е подобар од Кристијано Роналдо и Лионел Меси, Ибрахимовиќ се одлучи за Аргентинецот.

„Двајцата се многу добри. Тоа е тежок избор. Сепак, ако треба да одберам, би го одбрал Меси затоа што сум играл со него заедно. Го гледав одблизу и знам дека сè што прави е природно“, вели Ибрахимовиќ.

- Оглас -

Најнови вести