Ибрахимовиќ по гаќи се фрли во снег за да прослави една убава вест (Видео)

Златан Ибрахимовиќ повеќе од еден месец е надвор од теренот поради повредата на мускулот на ногата, но тоа не го спречува да биде во центарот на вниманието. Еден од најдобрите напаѓачи во последните две децении вечерва реши да излезе речиси гол (носеше само боксерици) и на снегот пред неговата куќа да се фрли во снегот.

Снимајќи го целиот „испад“, Ибрахимовиќ објасни дека тој ќе биде дел од годинашното издание на популарниот фестивал „Сан Ремо“. Ибрахимовиќ ќе има посебна улога во сите пет дена од фестивалот, но засега не се открива која ќе биде функцијата на голгетерот на Милан.

 

- Оглас -

Најнови вести