Ибрахимовиќ се појави на балконот во Милано и упати важна порака

Пред два дена Златан Ибрахимовиќ се врати во Милано и сега ја „одработува“ двонеделната изолација, која е задолжителна за сите оние кои ќе се вратат во Италија. Во земјата која е една од најпогодените од корона-вирусот во Европа се надеваат дека на 13 јуни ќе продолжат со фудбалското првенство, односно дека ќе се доигра шампионатот во Серија А.

Иако е во изолација, Ибрахимовиќ секогаш знае како да привлече внимание и да биде во центарот на случувањата. На својот фејсбук-профил, шведскиот голгетер постираше слика на која седи на балконот, а како порака има напишано „Господ се врати и внимава на сите вас“, а за малку повеќе од еден час има речиси 100.000 лајкови.

- Оглас -

Најнови вести