Ибрахимовиќ со порака до Перес: „Ако го продаваш, прво мене да ми се јавиш“

Екипите на Реал Мадрид и Милан пред два дена одиграа пријателски натпревар во САД, а победата им припадна на „црвено-црните“ од Милано со 1-0. На турнејата во САД со екипата на Милан се наоѓа и Златан Ибрахимовиќ, кој е задолжен за спортскиот дел во членот на Серија А, па таму имал кратка средба и со Флорентино Перес.

Легендарниот фудбалер бил посебно импресиониран од играта на Брахим Дијас, па имал само една молба до претседателот на „кралевите“.

„Ако одлучиш да го продаваш, те молам прво мене да ми се јавиш, тој играч навистина ми се допаѓа.“ – рекол Ибрахимовиќ за Дијас.

Сепак, веднаш добил негативен одговор од Флорентино, кој кратко прокоментирал: „Брахим не е на продажба!“

- Оглас -

Најнови вести