Ибрахимовиќ веќе е во Милано (фото)

Златан Ибрахимовиќ денеска се врати во Милано по два месеци принуден одмор поради пандемијата со корона-вирусот. Голгетерот на Росонерите е сместен тренинг-центарот на Милан, каде што ќе мора да остане 14 дена во самоизолација, согласно протоколот кој се воведе како услов за рестарт на сезоната во Серија А.

Ибрахимовиќ на тимскиот тренинг ќе се приклучи подоцна од веќе дозволениот датум 18 мај, а додека е во карантин, ќе може индивидуално да тренира за да ја одржи формата. Изминатиов период искусниот напаѓач тренираше со тимот на Хамарби, каде што е и сосопственик на шведскиот клуб.

Што се однесува за рестартот на Калчолигата, останува неизвесно дали сезоната ќе продолжи на почетокот од јуни, ако се знае дека нови случаи на заразени со ковид-19 пријавија повеќе екипи.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести