Ибрахимовиќ знае што е проблемот на Тен Хаг во Манчестер јунајтед, има совет до него

За лошите резултати на Манчестер јунајтед сезонава, многумина го обвинуваат менаџерот Ерик тен Хаг, а Златан Ибрахимовиќ, кој е поранешен член на Ајакс и на Манчестер ј., смета дека грешката која ја прави тренерот во Јунајтед е дека се однесува како да го води Ајакс, а околностите се поинакви.

Тен Хаг правеше чуда со Ајакс, но во Манчестер резултатите изостануваат. Швеѓанецот го детектира проблемот.

„Сум бил во двата клуба, голема е разликата меѓу Ајакс и Манчестер јунајтед. Имате поинаков вид менталитет. Ајакс е клуб со таленти, без големи ѕвезди. Тен Хаг има искуство да работи со млади, а тука треба да води големи ѕвезди. Не може докажаните ѕвезди да ги третира исто како младинците. Не знам дали е највиновен за резултатите, но му треба време, нема искуство од работа со ѕвезди“, порача Ибрахимовиќ.

Тен Хаг го принуди Кристијано Роналдо да си замине, се откажа од Давид де Хеа, а од првиот тим го оддалечи и Џејдон Санчо. На овие ѕвезди сакаше да им покаже кој е шеф, но на погрешен начин и сега ја плаќа цената.

- Оглас -

Најнови вести