Коби Брајант и Мајкл Џордан имаа одбрано свои најдобри петорки на сите времиња во НБА-лигата, а двата идеални состави на двете големи легенди изгледаат моќно.
Шпанска „Марка“ го објави изборот на прерано починатиот Брајант, кој трагично го загуби животот во хеликоптерска несреќа во јануари годинава, и на живата легенда Мајкл Џордан, за кого многумина сметаат дека е најдобриот кошаркар на сите времиња.
Интересно е што двајцата легендарни играчи се избегнаа меѓу себе, па Кобе не го вклучи Мајкл во својот дрим-тим, а Џордан објасни дека играле на исти позиции и затоа се одбрал себеси, а го изоставил Брајант.
Изборот на Ем-Џеј е со уште едно дополнително образложение дека во неговиот идеален тим се само кошаркари против кои играл во неговата ера, па петорката е составена од него, Меџик Џонсон, Џејмс Ворти, Скоти Пипен и Хаким Олајџувон.
Интересно е што нема ниту еден кошаркар од познатата генерација „Зли момци“ од Детроит пистонс, кои беа вистински кошмар за Џордан на почетокот на неговата НБА-кариера.
Брајант се ослучил за петорка во која има место за него, за Меџик Џонсон, Лери Бирд, Бил Расел и Карим Абдул Џабар.