Идиjакез се врати во АЕК Ларнака, ќе им биде тренер на Тричковски и Мојсов

Иманол Идиjакез е нов тренер на Иван Тричковски и на Даниел Мојсов откако се врати на кормилото на АЕК Ларнака, клуб кој го предводеше од клупата од 2016 година до лани.

Идиjакез го замени сонародникот од Шпанија, Андони Ираола, а интересно е што и двајцата се Баскијци.

Ираола со взаемна спогодба се раздели со АЕК, а имаше успеси во првата сезона на кормилото на клубот од Ларнака и со него го освои вториот трофеј во националниот куп и првиот во Суперкупот на Кипар во историјата на клубот. Успеа и да се пласира и во фазата по групи во Лигата на Европа, каде што АЕК не успеа да мине понатаму.

Во новата сезона АЕК бележи скромни резултати и во кипарското првенство и по ремито 2-2 на домашен терен со Ермис пред три дена, Ираола мораше да си замине.

 

- Оглас -

Најнови вести