Идната ѕвезда на Реал даде гол, па предизвика скандал со прославата (Видео)

Бразилски Палмеирас победи со убедливи 0-5 на гостувањето кај Ливерпул од Монтевидео, во меч од јужноамериканскиот Копа либертадорес. Иако победија убедливо и беа поквалитетни, во 82-рата минута беше избегнат поголем инцидент откако идниот фудбалер на Реал Мадрид, Ендрик, постигна погодок за водство од 0-3, а прославата на голот беше во стилот на Кинг Конг од авантуристичките филмови.

Тоа од страна на домашните беше сфатено како провокација, па Уругвајците почнаа да негодуваат, а резервната клупа на Ливерпул се упати кон фудбалерот. Беше спречен поголем инцидент, а по натпреварот и фудбалерот и тренерот на Палмеирас објаснија дека прославата нема никаква врска со расизам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести