Иднината на Ѓоковиќ на ОП на Австралија зависи од жена која што се надева дека Надал ќе победи (ФОТО)

Новак Ѓоковиќ доживува вистинска драма по слетувањето во Мелбурн.

Најдобриот светски рекет ноќта ќе ја помине во имиграциски притвор, а за неговата иднина за тоа дали ќе настапи на отвореното првенство на Австралија одлучува жена.

Таа е министерката за спорт во сојузната држава Викторија, Џали Пулфорд, која што на националната телевизија ‘7 Њуз Мелбурн’ ја објасни ситуацијата.

Но, таа дополнително ги разгоре страстите откако на крајот кажа дека на овој турнир навива за Рафел Надал.

Пулфорд воедно порача дека нема да ја поддржи апликацијата за виза на Ѓоковиќ, а фановите на Србинот ја обвинуваат дека таа ја умешала политиката во спортот.

Останува да се види каква ќе биде конечната одлука и дали Ноле ќе настапи во Мелбурн каде што ќе атакува на 21-от, рекорден Гренд слем во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести