Игита, голманот кој ја „искина“ мрежата на противникот (Видео)

Европското првенство во футсал е во полн ек, а речиси сите мечеви се многу возбудливи. Многу мајсторски погодоци беа постигнати на турнирот во Холандија, но дека и голманите знаат да ги тресат мрежите, покажа Бразилецот Лео Игита.

Бразилецот веќе неколку години брани за Казахстан, а за тоа дека освен што има задача да го штити својот гол, Игита покажа дека знае и да ја „искине“ противничката мрежа.

На дуелот против Финска, Игита постигна фантастичен гол од 15-тина метри, со кој успеа да израмни на 2:2 и го најави пресвртот затоа што Казахстан на крајот го доби тој меч убедливо со 6:2.

- Оглас -

Најнови вести