Денвер и Јокиќ шокирани на свој терен во првиот меч од полуфиналето на Западот (Видео)

Актуелниот НБА првак Денвер нагетс е поразен на домашен терен од Минесота тимбервулфс со 106:99 во првиот меч од полуфиналето на Западната конференција. Иако Денвер важеше за фаворит пред дуелот, на паркетот, гостите од Минесота дека се дојдени по изненадување.

Уште на самиот старт Минесота поведе со 18:4, но Денвер со серија од 13:0 прво стигна до 17:18, а потоа и го превзема водството на крајот од првата четвртина (25:23). Во вториот период Денвер почесто беше во водство, но ниеднаш тоа не беше изразено со повеќе од шест поени, кога беше 38:32.

Денвер имаше водство од 67:64, кога Минесота заигра одлично и со низа од 9:1, прејде во водство пред крајот на третата четвртина (73:68). Во решавачката четвртина, Минесота беше тимот кој го контролираше резултатот. Гостите водеа со 91:88 и со низа од 11:3, прв пат стигнаа до двоцифрена предност од 102:91 и беше јасно дека победата ќе замине за Минесота.

Едвардс со 43 поени беше предводник на гостинската екипа, а одлични беа и Таунс со 20 поени, Рид со 16 и Конли кој заврши со 10 поени и 14 асистенции.

Кај Денвер единствен расположен за игра беше Никола Јокиќ кој заврши со 32 поени, девет асистенции и осум скока. Портер додаде 20 поени, а потфрли Мареј кој даде за него скромни 17 поени.

- Оглас -

Најнови вести