На белградски Партизан не му беше доволно само една добро одиграна четвртина за да ја победи Игокеа во меч од АБА лигата.
Кошаркарите на Жељко Обрадовиќ имаа негатива и од 22 поени разлика, а во последната четвртина се разиграа, дојдоа до нерешено, имаа и напад за водство, но не го искористија и примија кош на две секунди до крајот за конечни 91-89 за Игокеа.
За Партизан ова е втор пораз сезонава, после оној од Мега, па сега евролигашот има еден бод помалку од Црвена ѕвезда и Будуќност.
Ова е кошот на Муди од тешка позиција за победа на Игокеа:
https://twitter.com/i/status/1723828924092723230