7.8 C
Skopje
четврток, 2 октомври 2025

Игор Ангеловски има нов предизвик во кариерата, ќе биде тренер на кипарски прволигаш

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, има нов предизвик во тренерската кариера. Четириесет и деветгодишниот тренер ќе биде предводник на кипарскиот прволигаш, Етникос Ахна, а за помошник ќе го има поранешниот македонски репрезентативец, Милан Илиевски.

За Ангеловски ова ќе биде враќање во фудбалот по пауза од две години, откако летото 2023 година го напушти казахстанскиот Каспиј. Претходно во тренерската кариера освен како селектор на Македонија, работеше и во Работнички и во хрватската Горица.

Етникос во моментов се наоѓа на шестата позиција на табелата со осум бода, а во кипарското првенство играат 14 екипи.

- Оглас -

Најнови вести