Игор Б. со девет погодени тикети е победник на третата етапа од Типстер купот на Sport Life. Тој имаше најголем број погодени тикети во ноември и сосема заслужено дојде до наградата од 100.000 денари.
„Тактиката е тајна, не ја откривам. Ги следев правилата, но начинот на којшто ги бирав натпреварите на тикетите не го откривам. Можам да кажам дека Типстер купот е одлична игра со одлично поставени правила, сите да бидат рамноправни и да не може да учествува некој од 100 уплатени тикети. Играат само пет тикети дневно, а јас играв секој ден. Претходно за малку ми побегна наградата, но сега успеав да дојдам до првото место“, задоволно вели Игор.
Игор е редовен играч во Sport Life и вели дека овие 100.000 денари се најголемата добивка која ја добил од игри на среќа. Досега имал добивки до 30-тина илјади денари.
„Ова е најголемата добивка која сум ја добил и навистина многу сум благодарен на Sport Life. Сум имал добивки по 20.000 и 30.000 денари, но ова е далеку од таа сума. Sport Life има одлични игри и само така треба да продолжат. Јас играм редовно, ги анализирам натпреварите и повторно ќе учествувам во наградните игри кои ги организира Sport Life и сигурен сум дека повторно ќе дојдам до големите награди“, додава Игор.
Во третата етапа, награди освоија и второпласираниот Зоран и третопласирниот Ивица. Тие имаа идентичен број погодени тикети, по седум, па одлучувачки беше вкупниот коефициент на добитните тикети. Зоран и Ивица си освоија парични награди од 30.000, односно 20.000 денари.