Премиер лигата мирува, но најдобрите екипи имаат обврски во Купот. Денеска се играат дури 10 средби од 1/16-финалето во Лига купот. Актуелниот освојувач на трофејот, Манчестер сити треба да има лесно гостување кај Оксфорд, кој е тим од Лига 1, односно третата лига во Англија.
Минатата сезона Оксфорд заврши на 16-тото место од 24 екипи, но сезонава ја започна многу лошо. Во досегашните девет натпревари, тимот има само една победа и е на претпоследната позиција на табелата, што значи дека сезонава ќе се борат за опстанок. Дадоа само девет голови, што покажува дека нападот им е проблем.
Ако Оксфорд не може да парира на екипите од негов ранг и е на претпоследното место, тогаш сигурно нема што да бара против актуелниот англиски првак. Според моменталната состојба на табелите, „граѓаните“ се дури 66 позиции подобро пласирани од Оксфорд.
Без разлика со каков тим ќе реши да настапи Пеп Гвардиола на ова гостување, се очекува Манчестер неколку пати да ја затресе мрежата на домаќините. Традицијата во Лига купот вели дека кога шампионот на Англија игра против тим од пониска лига, поминал во следната фаза во 28 од 29 средби. Единствено Лидс како шампион во далечната 1974 година загуби од Честер со 3-0.
За победа на Сити коефициентот е 1.12, реми е 10, а сензација на Оксфорд се типува со коефициент 25. Дека ќе има барем 4 погодоци, коефициентот е 1.51.