Лајпциг се пресели во Берлин, а жителите на градот што е само 160 километри оддалечен од главниот град на Германија и буквално се преселија денеска во близина на „Олимпискиот стадион“ каде вечерва од 20 часот ќе се игра финалето на германскиот куп.
Ред Бул Лајпциг ќе има огромна поддршка од своите симпатизери, кои го играат првото и историско финале за нив, против најтрофејниот клуб во Германија, Баерн Минхен.
Капацитетот на стадионот е околу 75.илјади места, а се очекува доминација на симпатизерите на Лајпциг на трибините.
https://twitter.com/DieRotenBullen/status/1132274929796308993
Интересно е што на отварањето на култниот стадион во Берлин во 1936 година, една друга екипа од Лајциг, Локомотива го освои германскиот куп со победа против Шалке 04 со победа од 2:1, пред 70 илјади гледачи.