Новата сезона на Спортската прогноза започна, а дел од прогнозерите веќе ги дадоа своите типови за 13-те парови кои се понудени во првото коло. Возбудувањата ќе започнат со дуелот меѓу Брајтон и Манчестер јунајтед, а две третини од досегашните прогнози се дека ќе биде „двојка“, односно очекуваат победа на Црвените ѓаволи.
Манчестер јунајтед победи на последното гостување кај Брајтон, но ако се погледнат последните шест меѓусебни дуели, Брајтон е екипата која има четири победи, а еднаш било нерешено.
Иако играат на гостински терен, во улога на фаворити се и Лацио на теренот кај Удинезе, односно Аталанта на гости кај Торино. И во останатите дуели кои се дел од понудата се очекува да биде интересно и неизвесно, а за прогнозерите главна цел е да се обидат да стигнат до Среќна 13-ка, односно да се обидат да ги погодат сите 13 фиксови.
Прогнозерот кој ќе има погодени 13 натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.