Играат Ѕвезда и Олимпијакос, а Кинез се шета низ Белград со дрес на Хрватска!

Чудење е единствената реакција на случајните минувачи низ една улица во центарот на Белград кои налетаа на еден кинески турист кој опуштено си се шета облечен во дрес на хрватската репрезентација.

Денеска не е обичен ден во српската престолнина, центарот на градот е преполн со навивачи на Црвена ѕвезда и Олимпијакос, кои заеднички ќе одат кон стадионот „Рајко Митиќ“, каде што вечерва се игра мечот од Лигата на шампионите. Иако и Кинезот е облечен во црно-бело како и фановите на братските клубови Ѕвезда и Олимпијакос, сепак шаховницата и хрватскиот амблем може да бидат кобни за него ако се најде во близина на Делиите.

Кинезот изгледа не е свесен за опасноста и подобро би му било да се пресоблече, коментираат српските медиуми.

- Оглас -

Најнови вести