21.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Играч на Арсенал најави дека ќе си оди од клубот

Швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака најави дека размислува да си замине од Арсенал, клубот во кој моментално настапува. Џака дојде во редовите на „топчиите“ во 2016 година и ја игра третата сезона во лондонскиот премиерлигаш, но мисли дека е време да најде нов предизвик и да направи трансфер во уште подобар тим.

„Многу сум амбициозен и сакам да го направам следниот чекор. Арсенал не треба да биде мојата последна станица во кариерата“, вели Џака кој има 26 години, а претходно има играно за Борусија Менхенгладбах и Базел.

Во 125 меча за Арсенал, Џака досега има дадено 11 погодоци. Тој денеска го одигра целиот меч за Швајцарија во победата на гостувањето кај Грузија од 2:0, во првиот меч од квалификациите за Европското првенство 2020 година.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести