Хашон Клинтон-Дикс, играчот на Далас каубојс од НФЛ-лигата во американскиот фудбал, имаше непријатна и неочекувана блиска средба со две мечки во уличка пред неговиот дом по која се возеше со својот тротинет. Сигурносни камери го снимија целиот настан. Мечката и нејзиното мало мече беа затскриени зад еден автомобил, па затоа Дикс не ги виде навреме и „се извади од памет“ кога ги виде пред него.
Популарниот 27-годишен некогашен играч на Грин беј, Вашингтон и Чикаго, кој е познат по прекарот Ха-Ха, реагираше инстинктивно, го фрли тротинетот и почна да бега, но интересно е што и непоканетите гости „фатија магла“, па на местото на настанот остана само тротинетот. Не се знае кој од кого се исплаши повеќе.
Погледнете:
https://twitter.com/i/status/1275555947914514432