Играч на Емполи синоќа доби два жолти картони против Јуве, но не беше исклучен

Шкотскиот фудбалер Лијам Хендерсон синоќа на куп-мечот против Јувентус доби два жолти картони, но не беше исклучен.

Сепак, немаше ништо спорно, судијата постапи според правилата и не покажа црвен картон.

Хендерсон прво „пожолте“ во текот на средбата поради груб фаул, а подоцна доби јавна опомена и за провокативно однесување кон фановите на Јувентус откако даде гол од пенал во пенал-серијата. Пенал-сериите се сметаат како одвоен дел од регуларниот дел на натпреварот.

Вториот картон не му донесе исклучување, но ќе му се смета за понатамошниот тек од Купот на Италија.

- Оглас -

Најнови вести