Играч на Наполи во шок откако криминалци му се заканиле со пиштол и го ограбиле по триумфот над Парма

Давид Нерес (27) пред десет дена стана нов играч на италијанскиот калчолигаш Наполи, кој го купи од Бенфика за 28 милиони евра. Бразилецот, кој игра на позицијата десно крило, веднаш почна да ја оправдува вложената сума.

Во првото коло на Серија А против Болоња, му беа потребни само две минути на теренот за да запише асистенција, а синоќа во 96. минута ја запиша својата втора асистенција за победа на Наполи од 2-1 против Парма.


Тоа беше „луд натпревар“ во кој Наполи во 92 минута губеше со 1-0, но на крајот направи пресврт.

Сепак, по натпреварот Нерес доживеал исклучително непријатна и шокантна ситуација.

Фудбалерот беше во комби кое го возеше него и сопруга до хотелот, кога неколку криминалци го скршија стаклото на минибусот, вперија пиштол во него и му наредија да им го предаде часовникот што го носеше.

Сопругата на Инстаграм ја објасни целата ситуација. Шокираниот Бразилец веднаш го предал часовникот, а двајцата ограбувачи избегале на мотоцикл. Нерес го пријавил грабежот во полиција, која го придружи до хотелот каде го чекаа навивачите, не знаејќи што се случило, и бараа автограми од него.

По неколку минути, преку објава на Инстаграм, сопругата на Нерес им се извини на фановите.

„Давид би сакал да им се извини на навивачите кои го чекаа надвор. Кога по натпреварот се обидовме да го напуштиме стадионот, двајца мажи на мотоцикл го уништија неговото возило и го ограбија под закана со оружје“, објави таа.

- Оглас -

Најнови вести