Основната понуда на новото 17-то коло на Спортска прогноза носи 13 интересни мечеви од топ-лигите во Европа, а оние прогнозери кои веќе типувалем имаат дури 11 свои фаворити.
За 11 пара има конечен тип за кој се изјасниле над 50 проценти од прогнозерите. Типувањето трае до сабота во 15.30 часот, па процентите може и да се сменат, но засега трендот е дека може да биде плодно коло за играчите.
Поделеност има само кај Мајорка – Бетис и Лацио – Наполи. За шпанскиот меч, 44,5 отсто типувале нерешено и тоа е поголем процент отколку за кец или двојка, додека за дербито во Рим, 44,3 проценти сметаат дека ќе биде нерешено.
Најголема доверба (над 81 процент играле единица) прогнозерите имаат во Џенова, која дома игра со Лече.
Главен предизвик за сите прогнозери е да се погоди Среќна 13-ка, односно да се погодат фиксовите на сите 13 натпревари од основната понуда.
Прогнозерот со погодени 13 дуели одбира еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). Со 12 погодени средби, подарокот е вредносен ваучер од Sport Life од 1.000 денари, а 11-ка носи ваучер од 500 денари.