Без многу дилеми, Лионел Меси е избран да биде капитен на Барселона во новата сезона. Иако се работеше за формалност, сите членови на првиот тим гласаа за тоа кој треба да им биде капитен. Секако, убедливо победи Меси, а беа избрани и неговите заменици.
Жерар Пике ќе ја носи капитенската лента ако Меси не е на теренот, а трета и четврта опција ќе бидат Серхио Бускетс и Сержи Роберто. Оваа одлука и не е чудна ако се знае дека овие четворица се и меѓу најискусните во составот.
Меси се заблагодари на дадената доверба и со насмевка позираше во дресот на клубот во кој ќе биде точно 20 години. Барселона вечерва ќе игра контролен меч против Гимнастик Тарагона, а Меси се очекува да одигра 10-тина минути.