17.8 C
Skopje
среда, 17 септември 2025

Играчите на Борусија се испокараа за пеналот, тренерот Нико Ковач ќе „експлодираше“ од лутина (Видео)

Уште во првиот ден од новата сезона во Лига на шампиони се одигра еден од мечевите што ќе се паметат. Јувентус и Борусија Дортмунд ремизираа 4:4, а покрај осумте погодоци, мечот го одбележа и бизарната караница меѓу неколку играчи на Милионерите кога требаше да се изведе пеналот во финишот на средбата.

Имено, тоа беше 83-та минута од натпреварот кога на Борусија ѝ беше досуден пенал и настана караница за тоа кој треба да го шутира пеналот.

Бенсебаини прв ја зеде топката, но Гираси побара тој да го изведе шутот, а соиграчите Јулијан Брант и Карим Адејеми набрзо се придружија на расправијата, обидувајќи се да ја смират ситуацијата.

Во целата ситуација се вклучи и тренерот Нико Ковач кој мораше да пресече за тоа кој ќе го изведе ударот од белата точка. Телевизиските камери го фатија прво како извикува „Серху!“, мавтајќи со прстот, а потоа и „Рами!“, очигледно незадоволен од непочитувањето на договорот.

„Беше стресно. Морам да го пофалам тимот што играше така пред навистина страсна публика, што одигра толку добро прво полувреме. Не создадовме многу во нападот, но ја контролиравме играта. Пред второто полувреме рековме: „Треба да влеземе уште во последната третина и да имаме неколку удари кон голот“. Момците одлично ја завршија работата. Последните четири минути не беа добри. Тоа е она што толку многу боли. Но, во секој случај, пофалби за момците“, рече Ковач.

- Оглас -

Најнови вести