Играчите на Брајтон се издрогираа за да може неконтролирано да се смеат (Видео)

Челниците на англискиот Брајтон решија да покренат интерна истрага откако фудбалери на овој тим биле фатени во луд ноќен провод во Шпанија. Неколку играчи се снимени како со помош на балони вдишуваат душиков оксид и на тој начин се зашеметуваат.

Вдишувањето на душиков оксид може да биде многу опасно. Тој е познат и како иницијатор за неконтролирано смеење на оние кои го конзумираат во мали количини. Тој што ќе вдиши од овој оксид, започнува неконтролирано да се смее и тоа без никаква причина.

Неколку вдишувања предизвикуваат и чувство на еуфорија и релаксираност, а може да настанат и халуцинации. Како главни здравствени ризици со вдишување на душиков оксид се наведуваа нискиот крвен притисок, несвестица, а во најлош случај и срцев удар.

Со мешање на алкохол опасноста за здравјето е уште поголема. Играчите на Брајтон уживаат во вдишување на овој оксид, а сега сигурно ќе ги очекува и казна од клубот.

 

- Оглас -

Најнови вести