Фудбалерите на Манчестер јунајтед по вчерашниот триумф над Саутхемптон со пресверт од 3-2, славеле во соблекувалната како да ја освоиле Премиер лигата, а не обични три бода.
Менаџерот на Светците, Ралф Хазенхитл, вели дека неговата екипа завршила многу добра работа штом го натерала гигантот да се радува толку многу на пресвртот на „Сент Мери“.
„Знаеш дека добро си ја завршил работата и си бил цврст и рамноправен противник штом си натерал гигант како Манчестер јунајтед да се радува во соблекувалната како да ја освоил титулата“, истакна Хазенхитл.
Црвените ѓаволи беа во негатива од два гола до 60-тата минута, а потоа Кавани во улога на спасител со два погодоци и асистенција против првиот гол ја донесе значајната победа за Солскјер.