Играчите на Спортска прогноза предвидуваат лесни победи на Валенсија, Монпеље и Монца

Само на 24 часа од почетокот на новата сезона на Спортската прогноза на Sport Life веќе ги имаме фаворитите според оние кои ги имаат типувано натпреварите.

Најголеми шанси за домашна победа имаат Валенсија со 83.31%, Монпеље со 81.62% и Монца со 77.40%. Висок процент за домашна победа имаат и Стразбур (76.05%) и Брентфорд (74.54%).

Најголем фаворит од гостинските екипи е Баер Леверкузен, кој за победа над Борусија Менхенгладбах има процент од 70.83%.

Три дуели се со големи шанси да завршат нерешено според играчите на Спортската прогноза. Тоа се натпреварите Гранада – Мајорка (44.69%), Кадис – Алмерија (41.15%) и Ница – Лион (40.13%).

Типувањето е отворено до почетокот на првиот натпревар, а тоа е дуелот Келн – Волфсбург, кој се игра во сабота, со почеток во 15:30 часот.

Стандардно, награди ќе има за првопласираните петмина во Генералниот пласман. Победникот добива ваучер од 30.000 денари од „Анхоч“, а за тие од второ до петто место предвидени се СЛ Маркет поени. Второто место носи 500.000 поени, третото 400.000, четвртото 300.000, а петтото место 200.000 СЛ Маркет поени.

Приклучете се, не испуштајте ниту едно коло од шестата сезона на Спортска прогноза, редовноста и упорноста се исплаќаат!

- Оглас -

Најнови вести