Играчите на Спортската прогноза веруваат во победи на Борусија Дортмунд, Валенсија и Наполи

Остануваат само уште малку повеќе од 24 часа до официјалниот почеток на новото коло од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life.

Првиот натпревар од новото коло започнува во сабота, во 15 часот, а тоа значи дека дотогаш имате време бесплатно да ги пополните вашите типови, секако доколку тоа веќе го немате сторено.

Според изборот на играчите на Спортската прогноза, најголеми шанси за победа имаат Борусија Дортмунд, Валенсија и Наполи, сите со процент околу 80.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести