Мечот меѓу ЏС Кабил и Белуиздад од петтото коло во првенството на Алжир е прекинат пред крајот откако незадоволни домашни фанови влетаа на теренот. Гостите поведоа со 3:0 во 78-мата минута и тоа беше доволно за кулминација на домашните навивачи да втрчаат на теренот.
Немаше полиција и редари кои ќе успеат да го спречат налетот на фановите, па судиите и фудбалерите мораа да бегаат во соблекувалните за да спасат жива глава.