Играчот кој Реал го плати само пола милион евра е херојот во дуелот со градскиот ривал (Видео)

Реал Мадрид со 2:0 победи на гости кај Хетафе во заостанат меч од 20-тото коло во шпанското првенство. Кралскиот клуб постигна по еден гол во двете полувремиња и на крајот заслужено ги освои трите бода.

Напаѓачот кој минатата сезона пристигна меѓу Кралевите само половина милион евра, Хоселу, е херојот на гостинската екипа. Тој ги постига двата погодока за победа на фаворитот. Головите на Хоселу може да ги видите ТУКА и ТУКА. 

Со овој триумф Реал Мадрид сега е лидер во шпанското првенство со 57 бода од 22 кола и има два бода повеќе од второпласираната Жирона, а дури 10 повеќе од Атлетико Мадрид и Барселона.

За тоа колку Реал ја контролираше играта на дуелот против Хетафе, покажува и фактот дека домашниот тим за првпат во историјата на шпанското првенство не успеа да упати ниту еден удар кон противничкиот гол во првото полувреме, нешто што не се случило никогаш во претходните 353 натпревари.

 

- Оглас -

Најнови вести