Играчот кој се прослави по навредите од Меси, ќе биде замена за Роналдо во Манчестер јунајтед

Холандскиот репрезентативец Вут Вегхорст наскоро треба да го комплетира договорот според кој ќе биде нов играч на Манчестер јунајтед. Вегхорст на „Олд Трафорд“ доаѓа од тимот на Бешикташ и тоа како позајмен играч, за кој турскиот гигант ќе добие три милиони евра.

Најавите се дека Вегхорст може да дебитира за Манчестер јунајтед веќе овој викенд и тоа на големото градско дерби против Сити.

Вегхорст беше дел од холандската репрезентација на Светското првенство во Катар, а се прослави на дуелот во четвртфиналето против Аргентина. Тој влезе како резерва во второто полувреме и за кратко време постигна два гола, носејќи израмнување 2:2, па дуелот мораше да се реши на пенали. Во пенал-рулетот, Холандија сепак беше елиминирана, а Вегхорст влезе во вербален конфликт со Лионел Меси. Капитенот на Аргентина јавно го навреди Холанѓанецот, а Вегхорст подоцна изјави дека е горд затоа што Меси го запамтил неговото име.

Вегхорст во Манчестер јунајтед треба да го пополни испразнетото место во нападот по заминувањето на Кристијано Роналдо.

 

- Оглас -

Најнови вести