Познато е кого навредуваше Меси и зошто (Видео)

Лионел Меси беше прогласен за играч на мечот против Холандија, а по средбата, додека капитенот на Аргентина даваше изјава во микс-зоната, во еден момент прекина да збори за мечот и почна некого да навредува.

„Што гледаш глупаку еден!“, викаше Меси, но не се знаеше кон кого беа упатени овие зборови. Од други видео снимки дојде одговорот за тоа на кого Меси му беше толку лут.

Се работи за холандскиот напаѓач Вут Вегхорст, кој ги постигна двата погодоци за Лалињата на синоќешната средба. По дуелот, Вегхорст сакал да се поздрави со Меси во тунелот, но останатите аргентински фудбалери тоа го сметале за провокација. Според шпанска Марка, Меси и Вегхорст веќе имале конфликт на теренот и тоа веднаш по завршување на пенал-рулетот, а Холанѓанецот едноставно сакал таа расправија да ја продолжи и во тунелот кон соблекувалните.

Самиот Вегхорст вели дека не сакал да се расправа, туку само да се поздрави со Меси, иако тоа можел да го направи и на самиот терен по завршување на средбата.

„Многу сум разочаран од Меси. Сакав да се поздравам со него, но тој не сакаше. Не разбирам баш добро шпански, но сигурен сум дека ми рече нешто неубаво“, изјави Вегхорст околу целиот конфликт.

https://twitter.com/i/status/1601377812518080512

- Оглас -

Најнови вести