Играчот на Челзи кој даде 10 гола во последните пет кола е со супер квота за стрелец на лондонското дерби

Арсенал е домаќин на Челзи во лондонското дерби од заостанатото 29-то коло во Премиер лигата. Топчиите кои ќе ја имаат предноста на домашен терен моментално се лидери на табелата и едноставно мора да победат за да останат во трка за титулата.

Челзи е на деветото место на табелата, без шанса за излез во Европа, не може никако ни да испадне, што значи дека гостите ќе играат без притисок.

На четири од последните пет дуели на овие два ривала имало барем по четири погодоци. Во есенскиот дел беше 2:2 на „Стемфорд бриџ“. Кол Палмер, кој даде гол за Челзи на тој натпревар, сега е во неверојатна голгетерска низа, а вечерва да постигне погодок е со квота од точно три. Палмер, кој постигна 10 погодоци во последните пет кола во Премиер лигата, да биде стрелец на првиот гол вечерва е со квота од дури осум затоа што домашните напаѓачи Хаверц, Сака и Жезус се први претенденти за стрелец на првиот погодок на ова дерби.

Во Специјалниот сингл може да се обложите и на бројот на изведени корнери, кој прв ќе добие жолт или црвен картон, кој прв ќе направи измена и дали ќе има пенал.

- Оглас -

Најнови вести