31.8 C
Skopje
недела, 7 септември 2025

Играчот на Реал се пожали: Фудбалерите на Барселона „го закачкаат“ додека се на репрезентативен собир

Во летниот преоден рок Реал Мадрид доведе неколку засилувања меѓу кои е и Дин Хујсен. Шпанскиот репрезентативец роден во Амстердам дојде од Борнмут и веднаш се наметна и е стандарден во стартниот тим на Реал Мадрид.

Хујсен има и пет настапи за шпанската репрезентација, а беше еден од најдобрите во победата на гости во Бугарија со 3:0. Интересно е дека Хујсен е само еден од двајцата играчи на Реал кои се дел од националниот тим на Шпанија. Заедно со него тука е само уште и искусниот Дани Карвахал.

За разлика од Реал Мадрид, Барселона има дури шестмина фудбалери во националнио тим на Шпанија.

„Кога дојдов во националниот тим, има одредени играчи кои ми кажуваат дека сум направил вистински потег што сум го одбрал Реал Мадрид за мој клуб. Од друга страна, играчите на Барселона ме задеваат поради тоа. Ќе се видиме на Ел калсико“, порача Хујсен.

Интересно е дека 20-годишниот дефанзивец играше за младинските селекции на Холандија У17, У18 и У19, но сепак реши да го облече сениорскиот дрес на Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести