Играчот поради кој Рома претрпе службен пораз е позитивен на ковид-19

Корона-вирусот повторно се шири во Калчо лигата откако повеќе активни случаи се појавија во неколку клубови. Познато е дека Џенова има најмногу заразени, дури 22 члена на клубот беа позитивни, во Наполи Елмас и Зјелински го надминаа вирусот, а и Милан ги надмина проблемите со ковид-19 откако заразени беа Златан Ибрахимовиќ и Лео Дуарте.

Во Интер има шест активни случаи, додека Рома денес го потврди петтиот позитивен случај. Се работи за Амаду Дијавара, играчот за врска поради кој Рома службено загуби со 0-3 од Верона во првото коло од актуелната сезона во Серија А.

Дијавара веднаш е сместен во изолација, а заразени се уште Бруно Перес, Карлес Перес, Џастин Клајверт и Антонио Миранте.

- Оглас -

Најнови вести