Бразилскиот фудбалер Филипе Кутињо е пред завршување на договорот за позајмица во тимот на Ал-Духаил во Катар и во летниот период ќе бара нов клуб. Кутињо има договор со Астон вила до 2026 година, но англискиот клуб без проблеми ќе му го раскине договорот доколку најде нов клуб.
Најавите се дека Кутињо може да се врати во родниот Бразил и да потпише договор со тимот на Васко де Гама. Тоа е клубот во кој Кутињо ја започна кариерата. Одигра 19 меча за овој клуб пред да направи трансфер во Европа, кога Интер за него плати 3,8 милиони евра. Подоцна Кутињо играше и за Ливерпул и за Барселона.
Најдобрите мечеви Кутињо ги одигра во дресот на Ливерпул, што беше доволна препорака Барселона да плати неверојатни 135 милиони евра за негов трансфер на „Камп ноу“. Кутињо во каталонскиот гигант не се снајде најдобро. Одигра 106 меча за Барселона, во кои постигна 25 гола, а имаше и 14 асистенции. Во каталонскиот гигант освои 10 трофеи.
Претседателот на Васко де Гама дополнително ја подгреа еуфоријата кај навивачите откако откри дека постојат преговори за враќање на Кутињо во овој бразилски клуб.
„Да, виситна е. Преговараме и сакаме да го доведеме Кутињо во нашите редови“, рече претседателот на Васко де Гама, Педрињо.