Баер Леверкузен славеше на гостувањето кај Вердер со 3-0 и се врати на првото место на табелата во Бундеслигата со 34 бода од можни 36 после одиграни 12 кола.
Фармацевтите на тренерот Чаби Алонсо, денеска станаа прв тим во историјата на германското првенство кој постигнал два или повеќе голови на секој меч од првите 12 кола во една сезона.
Интересен меч попладнево одиграа и имењаците од Дортмунд и Менхенгладбах. Победи Борусија од Дортминд со 4-2, а во првото полувреме паднаа пет гола и тоа откако гостите водеа 2-0, па домашните го свртеа резултатот со три гола по ред.
Киксираше Лајпциг кој загуби од Волфсбург со 1-2. Волфсбург во претходните пет кола имаше освоено само еден бод. Унион Берлин првпат сезонава одигра нерешено и освои бод против Аугсбург, па тимот кој игра во Лигата на шампионите, е претпоследен на табелата.