Играше за Јувентус и изненади со трансферот во Торонто, а сега е речиси непрепознатлив (Видео)

Поранешниот фудбалер на Јувентус, Федерико Бернардески, ја изненади јавноста кога во 2022 година одлучи да го напушти Торино и да се приклучи на Торонто во МЛС-лигата. Откако тоа се случи, се повлече од „големата сцена“, но сега повторно привлекува внимание поради неверојатна ситуација.

Неговиот клуб Торонто објави видеоприлог во кој Бернардески е во главна улога, а тешко беше да не се забележи колку се променил неговиот изглед.

Многумина коментираат дека е можно да се подложил на некои естетски корекции на лицето, што е очигледно воочливо во видео прилогот.

„Се гледа дека целосно се прилагодил на животот во Торонто, таму пластичните операции се секојдневие”, „Изгледа како да има 50 години, а не 30″, „Што му се случи, не го препознав?”, се некои од коментарите под видеото.

- Оглас -

Најнови вести