Барселона вечерва против Борусија Дортмунд ќе има еден силен адут од кој германскиот тим треба да се плаши, тоа е Роберт Левандовски.
Не само затоа што Полјакот е прв стрелец во Лигата на шампионите сезонава, туку и поради билансот што го има во дуелите со поранешниот свој клуб.
Откако го напушти Дортмунд и му се приклучи на Баерн Минхен во 2014 година, Леви постигна 27 гола на 27 натпревари против Црно-жолтите во сите натпреварувања и тие се негова омилена жртва, против никој друг нема таков биланс.
Сега за Левандовски предизвик е првпат да даде гол против Борусија во дресот на Барса. Роберт имаше дуел со своите стари пријатели во декември минатата година, кога Барса победи со 3-2, но Полјакот не успеа да постигне гол.
Во Sport Life квотата за Левандовски вечерва да постигне гол против Дортмунд е 1.90.