Сите четири натпревари во првата сеанса во осминафиналето во Лигата на шампионите завршија нерешено на полувреме и со победи, по две на гостите и две на домаќините, што гарнирано со голови им донесе многу радост и убав ќар на доста обложувачи во Sport Life.
По рекордната добивка во Гевгелија, каде имаше добитен тикет од 731.500 денари, со уплатени 50 денари, вреди да се споменат подвизите на двајца обложувачи од Берово и од Струга.
Беровчани имаат мајстор за обложување, кој за влог од 30 денари и микс од играта полувреме-крај со голови, остварил фантастична добивка од 604.800 денари. Или, околу 10 илјади евра, со уплата од половина евро.
За потсетување сите четири натпревари на полувреме завршија со резултат 0:0, а потоа немаше ниту едно реми. Победите на Рома против Порто со 2:1, на ПСЖ против Манчестер јунајтед на гости со 2:0, на Реал во Амстердам против Ајакс со 2:1 и на Тотенхем на Вембли против Борусија Дортмунд со 3:0, донесоа многу радост кај обложувачите и големи добивки и исплати.
Покрај мајсторите од Гевгелија и од Берово, супер добивка има и обложувач кој го уплатил тикетот во Струга, со Х-1 и Х-2 на дуелите од ЛШ, но без микс од голови.
Таквата комбинација за влог од 100 денари му донесе ќар од 128.491 денар, или нешто повеќе од две илјади евра.