Привлечни се петте меча кои се дел од понудата во Квоти на ден, а ако ги одиграте сите заедно на еден тикет, вкупниот коефицинет што ќе го добиете е 63.75. Интересно е дека петте меча се со различни квоти и се скалесто наредени од 2.1, 2.2, 2.3, 2.4 до 2.5.
Пари Сен Жермен е домаќин на Оксер и тука се чека голеада на домаќините, па понудата е дека Светците ќе постигнат меѓу 3 и 4 гола на „Паркот на принцовите“ за квота од 2.4.
Рома на „Олимпико“ игра против торино, а опцијата е домаќинот да не загуби во средба на која тимот на Жозе Мурињо ќе даде барем два погодоци. Во таков случај добитна би била квотата од 2.30.
Фулам дома игра против Манчестер јунајтед, а тука се нуди една интересна игра за полувреме-крај. На полувреме едноставно треба да води еден од двата тима, а на крајот Манчестер јунајтед да биде екипата што нема да загуби. Вредноста на ваква комбинација е 2.20.
Милан против Фиорентина на „Сан Сиро“ да не биде поразен во дуел на кој ќе има од еден до три гола за добитна квота од 2.10. Дербито во Серија А меѓу Јувентус и Лацио е како шлаг на оваа понуда, а за 1Х&ГГ коефициентот е одличен и изнесува 2.50.