Денешните Квоти на ден се примамливи за сите обложувачи. Се работи за пет меча на кои играат големи европски екипи, а доколку ги искомбинирате сите пет на еден тикет, вкупниот коефициент што ќе го добиете е 47.68.
Баерн Минхен гостува во Берлин кај Херта и тука понудата е победа на гостите во меч на кој ќе има барем четири гола. За 2&4+ квотата е 2.25. Манчестер сити пред своите навивачи игра против Фулам и секако дека Граѓаните треба да победат, а комбинацијата е и да има 2+ голови во првиот дел. За 1&2+пол. коефициентот е 2.10.
Дербито во Серија А е меѓу Аталанта и Наполи. Наполи е без ниту еден пораз, па опцијата е и така да остане во меч на кој двете екипи ќе дадат барем по еден гол. За Х2&ГГ се дава коефициент 2.25.
Голови треба да има и на „Сан Сиро“ каде Милан е домаќин на Специја. Тука играта е 1-3 голови во двете полувремиња и квота од 1.95. Последниот меч од денешната понуда е Барселона против Алмерија во кој се чека каталонскиот гигант да постигне најмалку два гола во првото полувреме. За Т1 2+ полувреме се дава квота од 2.30.